Кошаркарите повторно изгубија ,Сега нѐ налутија, дури сега ќе видат со кого имаат работа! изјави Пипан
„Честитки за Литванија и за нивната победа. Не сум задоволен од нашата игра, имавме многу варијации. Но не се предававме до крај. И кога бевме во негатива од 12 поени, почнавме да играме подобро, особено во одбраната. Шпанскиот судија реши многу работи, особено со прекршокот на крајот по дури пет секунди задоцнување. Но тоа не ја намалува победата на противникот. Сепак, ќе им порачам нешто: Дури сега нѐ налутивте, дури сега ќе видите со кого си имате работа“, бесно изјави Македонскиот селектор Алеш Пипан на пресот по мечот кој имаше слично размислување како капитенот Перо Антиќ .
Македонската кошаркарска репрезентација загуби и на вториот меч на Европското првенство во Словенија, откако вечерва Литванија ни се одмазди за поразот од пред две години со триумфот со 75-67 (20-15, 19-18, 18-17), само благодарение на нашиот катасторфален шут. Дадовме само шест тројки од 28 шута и 16 коша од 34 обиди за два поени.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment