MKDNews.com

Конзервативната опозиција победи на изборите во Австралија, премиерот Рад го призна поразот (ДПЛ)

септември 07
16:47 2013

Конзервативната опозициска коалиција, според нецелосните резулатати од денешните парламентарни избори во Австралија, веќе освои 79 пратенички места со што обезбеди мнозинство во 150-члениот Долен дом на австралискиот Парламенет.

Тони Абот

Тони Абот

Како што јави ИТАР-ТАСС, со ова станува јасно дека лидерот на досегашната опозиција Тони Абот ќе биде новиот австралиски премиер и ќе може да формира мнозинска влада. Конзервативната коалиција ја сочинуваат Либералната партија на Австралија на Абот, Националната партија на Австралија, Либералната национална партија на Квинсленд и Провинциската либерална партија на Северната Територија.

Според досега преброените 75,63 проценти од гласовите, како што соопшти Изборната комисија, владејачката Лабуристичка партија на премиерот Кевин Рад освоила 53 пратенички места,

Германската агенција ДПА јави дека според резултатите од излезните анкети, се очекува конзервативната коалиција во конечната распределба на мандатите да има 88 пратеници, а лабуристите 59.

Премиерот Рад, кој најверојатно ќе биде избран за пратеник од Бризбејн, веќе го призна поразот и поденесе оставка на лидерската функција во Лабуристичката партија.

Лабуритсите уште по самото затворање на гласачките места најавија дека очекуваат да дожиеват пораз. Министерот за одбрана Стивен Смит изјави дека на владејачката партија и „претстои тежок пораз“.

Гласањето во Австралија е задолжително и се одржува во сабота. На изборите учествуваа и околу 50 мали партии, меѓу кои најгорелмо внимание привлече партијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

(МИА)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.