Контроверзниот владика Качавенда доживеа мозочен удар
Контроверзниот владика на СПЦ Василие Качавенда преживеал мозочен удар, пренесуваат српските медиуми.Повикувајќи се на повеќе извори, АТВ објави дека Качавенда е префрлен во Ургентниот центар во Белград и денска треба да биде опериран.
Лекарите засега не можат да ја предвидат неговата здравствена состојба, но тој наводно бил свесен и комуница со околината.Спротивно на информацијата која ја имаат АТВ , новинарите на порталот Кликс тврдат дека според информациите од Ургентниот ценатар утрово во нивната установа не е примен Качавенда.
Да потсетиме, во мај Српската првославна црква трајно го разреши дотогашниот владика зворничко-тузлански Василиј. Предходно во јавноста се појавија недолични видео снимки во кои и Качаванда учествувал.Тој уште на шести ноември 2012 година побарал да се усвои неговата оставка од местото епископ поради здравствени причини, а Синодот на 22 април оваа година го разреши од должност.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment