MKDNews.com

Колумна: МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧИЈА ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!

септември 04
21:39 2013

petrovПишува Тодор ПЕТРОВ

Службата за односи со јавноста на Обединетите нации соопшти дека посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц ќе има средби во Грција, а потоа и во Македонија, почнувајќи од 9 септември 2013 година.

– Личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за разговорите меѓу Грција и Македонија ќе патува во регионот во периодот од 9 до 11 септември, на средби во Атина и во Скопје. Амбасадорот Нимиц на средбите во Атина и Скопје со високи владини претставници на двете земји ќе ги продолжи дискусиите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за “името“, пишува во соопштението на Обединетите нации.

И бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, потсетување само за претседателот, премиерот, министрите и пратениците: На 8 септември 1991 година македонскиот народ и граѓаните на државата Македонија, на референдум, во апсолутно мнозинство, гласаа за “СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите!

На референдумот од 1.495.807 граѓани, гласале 1.132.981 граѓани или 75,74%. Со “за“ се изјасниле 1.079.308 граѓани или 72,16% од вкупното гласачко тело, со “против“ 39.639 или 2,65%, неважечки гласачки ливчиња се 13.648 или 0,91% од гласачкото тело.

Од 1.132.981 граѓани кои гласале на референдумот, со “за“ се изјасниле 1.079.308 граѓани или 95,26%, со “против“ 39.639 граѓани или 3,50%, а неважечки беа 13.648 гласачки ливчиња или 1,20%.

Во овие резултати се пресметани и гласовите на нашите граѓани на привремена работа и престој во странство, а од нив вкупно гласале 58.126 од кои со “за“ гласале 57.327, со “против“ гласале 653, неважечки гласачки ливчиња 146.

Покрај ова, поддршка на референдумот со своите потписи дадоа и 4.223 Македонци, кои живеат во странство, а не се државјани на Република Македонија.

http://www.sec.mk/arhiva/1990_Referendum/Izvestaj_za_sproveden_referendum_1990.pdf

ЗАКЛУЧОК: МАКЕДОНЦИТЕ ОД СИТЕ ДЕЛОВИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ БАРААТ БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА РАЗЛИКАТА ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА! ВЕДНАШ! СЕКОЕ ПРОДОЛЖЕНИЕ Е ОДГОВОРНОСТ НА ВЛАСТА!

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment