MKDNews.com

Колонистите на Марс ќе полудат?

септември 12
19:57 2013

Колонистите на Марс покрај тоа што ќе се соочат со силна,па дури и смртоносна радијација,ќе имаат и големи психолошки проблеми.предупредуваат научниците.

За лет на Марс само во еден правец,значи без враќање, се пријавиле неколку илјади кандидати,а ќе бидат избрани само четворица.Летот треба да се реализира во 2022 година.До црвената планета ќе патуваат седум месеци.

Доколку се реализира оваа мисија во која водечка улога има една холандска компанија.колонистите ќе живеат во специјално изработени објекти.Секој од овие колонисти ќе има на располагање 50 метри квадратни,а комуникацијата со Земјата ќе се одвива забавено.Пораките од моментот на испраќање ќе доцнат десет минути

Децениските истражувања покажуваат дека долгиот престој на астронаутите во вселената предизвикува депресија,несоница и емоционална нестабилност.

Во фирмата “Mars One” веруваат дека изборот на луѓе со одредени квалитети ќе ги елиминира овие проблеми.Сепак, професорот Ник Канас,соработник на Американската агенција за истражување на вселената НАСА вели дека астронаутите кога ќе ја видат Земјата чувствуваат осаменост,носталгија,па дури добиваат и суицидни идеи.

.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment