MKDNews.com

Ќе се снима филм за светите Климент и Наум

септември 18
08:42 2013

Во Охрид ,а и на други локалитети ќе се снима дологометражем игран филм за светите Климент и Наум.

660_92aefb19402d51d385f89b98c3318a97Овој филм на некон начин ќе биде продолжение на филмот за Св. Кирил и Методиј кој имаше промоција пред два месеци во Чешка, а истиот беше во чешко – словачка, руска – српска продукција. Првиот, но и продолжението,комплетно ќе биде реализација од чешката продуценската куќа “Tree broders”.
Продуцентот на филмот за Св Кирил и Методиј, Виктор Криштов, благодарение на наговите пријатели охриѓани Александар Глигуроски и Јован Буџакоски кои живеат во Чешка, во два наврати ги посети сите знаменитостите и културно историските споменици во Охрид, но и во Македонија. Тој е воодушевен од тоа што го видел, вели дека веќе прави планови како би изгледал историскиот филм посветен на учениците на Кирил и Методиј, Климент и Наум.
„Посетив некои места околу градот и други места во Македонија и имам идеја, но се зависи од сценариото. Во филмот секако ќе бидат искористени работите кои мируваат, кои се постојано тука, како езерото, манастирите кои се изградени во антички стил и други екстериери од манастирите. А што се однесува до големината на проектот, признавам дека прилично е голем. Новата филмска публика е навиканата да гледа голем проект и сакам да ја прикажам историјата на таков начин. Проектот ќе има 1000 статисти и ќе ги користам најновите достигнувања во технологијата, најновите видеоефекти и специјални ефекти. За претходниот филм користев 650 SGI трикови вклучување на клонирање, но и рекреирање на градови и слики. Тоа сакам да го променам и овде со цел да добиеме слика како изгледал Охрид во 9 век“, истакна Виктор Криштоф од продиценска куќа „Tree broders“.

Интересот во Македонија од надлежните огромен за проектот.

sveti-naum„Во Македонија има голем интерес за проктот. Некои го видоа и големиот проект за Кирил и Методиј и затоа што тој проект завршува со нивното заминување, добивме идеја да се направи продолжување и во тој филм ќе биде за Св Наум и св. Климент. Разговаравме во Општина Охрид од каде имаме огромна подршка“, истакна Александар Глигуроски.

Според првичните проценки сценериото за филмот треба да биде готово во мај, по што веднаш би се започнало со снимањето на историскиот играно документарен филм. Доколку се тече како што е планирано филмот се очекува да биде готов во декември следната година.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.