MKDNews.com

Ќе се гради црква во Октиси и покрај протестите на Муслиманите

септември 02
17:40 2013

oktisiИ покрај острото противење на локалните Муслимани, Православните македонци инсистираат на изградба на македонска православна црква во село Октиси, во кое живее доминантно муслиманско население.

Православниот свештеник во Октиси, отец Зоран, изјави дека христијаните во селото се решени на 20 септември да ги осветат темелите на новата црква и покрај протестите на Муслиманите што се одржаа пред една недела, а кои иницираа етничките тензии во таа област.

„Тоа не е за инает. Малата црква е предизвик за соживотот меѓу жителите од православна и муслиманската вероисповед. Изградбата на црквата ќе докаже дека тука постои соживот и верска толеранција“, изјави минатиот викенд тој за медиумите.

Додаде дека доколку црквата не биде изградена, тоа ќе го разбесни локалното македонското население од поширокиот гостиварскиот регион.

Македонскиот премиер Никола Груевски повика на смиреност.

„На проблемот треба да му пријдеме со ладни глави“, рече Груевски во петокот.

„Решение треба да се најде, не треба едни со други да се попречуваме. Треба да продолжиме да живееме заедно“, нагласи тој.

Откако муслиманско мнозинство се спротивстави на изградбата на нова православна црква, во селото Октиси, пред една седмица, од безбедносни причини беше распоредена полиција.

Повеќе од сто Македонски муислимани се собраа на локацијата каде што црквата требаше да се гради и го спречија поставувањето на камен темелникот на малата црква Св. Димитрија.

Полицискиот кордон спречи повремените тепачки меѓу селаните да прераснат во поголем судир.

Обидот на владиката Тимотеј и градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села, со разговори да ги смират тензиите, не успеа.

 

 

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment