Кили пренесен на Клинички со влошена здравствена состојба
септември 24
16:57
2013
Актерот Кирил Поп Христов со влошена здравствена состојба денеска е пренесен на Клиничкиот Центар. Неговиот адвокат поради нарушеното здравје, бара Кили да биде хоспитализиран, бидејќи туморот се влошувал, а веќе и бил видлив како израсток што почнало да го загрижува и смејството и одбраната.
Неговиоот адвокат соопшти дека уште пред да биде уапсен, Кили имал упат за операција, и се плашат дека со мерката притвор само се влошува неговата здравствена состојба.Неговото семејство поточно неговиот брат бараше уште кога го уапсија Кили поради туморот да не оди во притвор, зошто болеста брзо напредувала.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment