MKDNews.com

Кејт Аптон модел на годината

септември 08
20:33 2013

alton22Доделувањето на наградите за најдобар стил во центарот “Лин­колн” ја отвори Модната недела во Њујорк, со почесни награди за Кејт Ап­тон, Зак Позен и за Рејчел Зои. Под шаторите каде што се одржува Мод­на­та недела, вчеравечер имаше маси, кофички со мраз и славни личности, са­мо 12 часа пред да ја одржи “Макс Азрија” првата ревија од Модната не­де­ла.

Ап­тон беше прогласена за модел на годината, а наградени беа и ди­зај­не­ри, модни магнати и костимографи, вклучувајќи ги Џон Варватос, Виктор Круз, “Викторијас сикрет”, Џени Брајант и Фредерик Фекаи. Позен беше из­бран за најдобар дизајнер на годината, а Зои за најдобар стилист на слав­ни личности. Варватос ја доби наградата за најдобар дизајнер на маш­ка мода .
“Ја имам најубавата работа на светот”, изјави 21-годишната Аптон, која наг­ла­си дека работела на сите седум континенти во бикини.

Аме­ри­кан­ска­та убавица двапати беше на насловната страница на спе­ци­јал­но­то издание на списанието “Спортс илустрејтед” со костими за ка­пе­ње.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment