Јохан: Соња е добро – станува збор за несреќен случај
Јохан Тарчуловски денеска изјави за НОВА дека се работело за несреќен случај при падот на неговата сопруга Соња Тарчуловска.
-Мојата сопруга е добро, ја посетивме со децата. Две ноќи бдеев во болница, не излегов воопшто од болница, само на кратко се вратив дома и дали отспав само еден час. Се работи за несреќен случај.
Со децата предмалку бевме повторно во болница да ја посетиме. Сите детали за несреќата ќе ги соопштам утре, изјави Тарчуловски за НОВА.
Сместена е на КАРИЛ, односно Клиниката за реанимација и интензивно лекување.
По падот од балконот на станот во Кисела Вода, таа се здобила со скршени ребра, повреда на кичмата во долниот дел и скршеници на едното рамо.
Taa вчера беше оперирана и е во стабилна здравствена состојба. Лекарските тимови од синоќа работат на нејзино опоравување.
МВР соопшти дека падот од балконот бил „несреќен случај“ и затоа нема да се води никава истрага.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment