MKDNews.com

Иваноски: Во образованието сме водечки на Балканот

септември 13
15:31 2013

ivo2cВо Охрид,на Факултетот за туризам и угостителство под покровителство на претседателот на Р.Македонија и градот Охрид, денес почна 5-тата интернационална конференција „ICT Innovations 2013″. Конференцијата е во организација на асоцијацијата ИКТ- АКТ која обединува поголем дел од универзитетските професори по информатика и компјутерско инженерство од Македонија.

-Денес ќе се зборува за отворени податоци. Нешто што Министрството за информатичко општество и администрација и Владата на Р М се залагаат веќе неколку години, со цел да му овозможи на приватниот сектор, да ги искористува податоците, што ги имаат државните институции со кои податоци, во Европската Унија обртот односно ДДВ во однос на економијата на ЕУ достигнува до 50 милијарди евра годишно.

Очекувам дека со присуството на приватниот сектор и на академијата на оваа конференција ќе се забраза начинот на искористувањето на податоците во Македонија кои институциите ги отвораат, а за тоа да биде сигурно, веќе Министертвото за информатичко општество и администрација подготвува нов закон за отворени податоци со кои институциите ќе се обврзат навремено да ги отвораат сите податоци кои што ќе можат да ги направат достапни во дигитална форма, односно во машински формат за да може приватниот сектор да развива web базирани решенија со кои ќе можат и да ги продаваат, да имаат нов бизнис, но и да им се овозможат граѓаните да ги добиваат информациите на многу поефикасен и поедноставен начин.

Со инвестициите кои ги направи оваа Влада во образованието долго време е предводник на Балканот, но можеме да се пофалиме дека сме и многу пошироко и со проектот компјутер за секој ученик и со лабараториите кои се набавени во училиштата посебно во високото образование. Можеме да кажеме дека нашите студенти не заостануваат воопшто во промената на технологијата во нивното образование. Напротив ние сме мноогу понапред од поголем број земји и очекуваме дека резултатаите кои ќе произлегуваат во наредните неколку години ќе го покаже тоа,нагласи министерот за Информатичко општество и администрација Иво Иваноски.

Колку македонските иновации се бараат на странскиот пазар? Тоа зависи од самиот пазар битно е да се вложува во иновациите. Ние како Влада имаме и фонд за иновации со цел да се стимулира и приватниот сектор. Најголем број на иновации кои што можат да произлезат се од приватниот сектор и тоа е една мерка која многу тешко се мери.Тоа најчесто тие најдобро го знаат, а факторот кој можеме ние да го измериме е веќе после една година, после одреден период кои иновации можат да бидат побарани од странски компании. Ние како влада опстојуваме и настојуваме да се стимулираат иновациите во академијата во универзитетите каде што по промерот на голем број западно развоиени земји и САД и Велика Британија иновациите најмногу започнуваат од самите универзитети, во соработка со приватниот сектор, да се додаде нова додадене вредност со која ќе може да се развиват тие граники, каде има иновации а со тоа се развива и економијата,рече Иваноски.

– Подржуваме вакви иницијативи и сите врати се отворени за секаков вид соработка каква што денес се остварува помеѓу двата универзитети, дават факултети, со наизглед различни струки, но сепак секогаш наоѓаме начин и место да ги споиме современите технологии и она што е наша основна струка туризмот и угостителството. Она што можам да потенциам е дека коктелите на оваа конференција се вообичаено подготвени од нашите студенти. И покрај ИКТ иновациите ние подготвивме денес иновации во исхраната кои ќе им бидат презентирани на нашите гости,кажа деканот на ФТУ професор Сашо Коруноски.
– Темата е Примена на иновациите за ИКТ во образованието. Ова е меѓународна конференција и оваа година во избоорт на најдобрите трудови учествуваат 222 професори од 50 земји од целиот свет.

Ние сме среќни што годинава имаме значително зголемено присуство на гости од странство . 25 те труда од околку 80 пријавени ќе бидат публикувани од реномираниот издавач на академски публикации СПРИНГЕР,. Тоа е најпознатиот Македноски издавач во Европа.истакна д-р Владимир Трајковиќ,продекан на ФИНКИ.

-Годиненнава конференција е спонзорирана на Мајкрософт од Оракл од Смарт. Најголемите просиведувачи на интереактивни табли, од компанијата Илар Медија од Словачка и од голем број македонски компании кои вложуваат во ИКТ образованието,рече д-р Анастас Мишев,продекан на ФИНКИ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment