MKDNews.com

Исповед на Македонец кој ја преживеа драмата во Најроби!

септември 24
01:16 2013

38-годишниот Александар Велкоски од Прилеп, 20 часа се обидувал и на крајот успеал да се спаси од милитантите, блиски на Ал Каеда, но останал без пасошот и кредитните картички.

Велковски, без документите, не може да се врати во Македонија. 20 часа – како цела вечност, траела голготата на Александар Велкоски од Прилеп за време на крвавата опсада во трговскиот центар во Најроби. Кобната сабота, кога почна 3-дневната заложничката драма, отишол да купи пелени за ќерка си. Се што од тогаш помни се пукотници, експлозии и мртви тела, раскажа забележително вознемирениот Велковски за Канал 5, кој во неделата наутро успеал да извлече жива глава и да го напушти шопинг центарот со првата група ослободени заложници. 

– Бев да купам пелени за ќерка ми кога почна пукањето. Маскирани напаѓачи пукаа од калашникови насекаде. Јас тогаш бев на првиот кат и не знам ни самиот како успеав да се извлечам. Околу 20 часа бев во заложништво, изјави за Канал 5, Велкоски.Но, главоболките за 38-годишниот Прилепчанец не завршиле. Во целиот хаос си ги загубил пасошот и сите платежни картички.

Од канал 5 побарал помош да биде извлечен од Најроби за да се врати во родниот Прилеп, зашто во Кенија нема македонска амбасада. Во Најроби дошол на гости кај семејството на сопругата, со која се запознал и се оженил во Катар, каде што тој извесно време живее и работи.

Крвавата опсада во Најроби заврши вечерва, откако кениската војска го зазеде објектот и ги ослободи сите заложници.

– Нашите сили ја ставија ситуацијата под контрола и ги зазеда сите катови на трговскиот центар. Во операцијата на чистење се убиени тројца терористи, изјави Јозеф Оле Ленку министер за внатрешни работи на Кенија.Заложничката драма почна во саботата напладне, кога членови на сомалиската милитантна организација Ал Шабаб, повеќемината  маскирани во жени упаднаа и го зазедоа трговскиот центар Вестгејт.  Во нападот загинаа најмалку 62 лица, а речиси 200 беа повредени. Нападот, според Ал Шабаб, е одговор на кениското мешање во сомалискиот конфликт.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.