MKDNews.com

Интервју : Глобална трговија со надежта и очајот

септември 06
20:18 2013

Директорот на новиот филм чија тематика е меѓународната трговија со органи, вели дека обвиненијата, како што е она во неодамнешниот судски процес за трговија со бубрези во Косово, нема да го запре црниот пазар на човечки органи.
Рик Естер Беинсток учествуваше на неодамна одржаниот Докуфест фестивал во Призрен, со својот документарен филм “Приказни од трговијата со органи“, но, Косово, каде неодамна се одржа високопрофилирано судење за трговија со бубрези, за овој канадски режисер, не е непозната територија.

medicus building .mkdnews.com

Клчиниката Медикус на Косово, каде биле продавани бубрези

За време на снимањето на филмот, Беинсток неколку пати го посети Косово, а случајот со нелегална трговија на бубрези што се одвивал на клиниката Медикус во близина на Приштина, во кој на почетокот на оваа година затворски казни добија пет косовски Албанци, стана важен дел од нејзиниот истражувачки документарен филм.

„Се обидов да ги раскажам вистинските човечки приказни зад кулисите, што ги гледаме во Косово и во целиот свет, за трговијата со органи“, изјави за БИРН оваа режисерка која живее во Торонто, а која интервјуирала донатори, пациентите и лекарите, во обид да го расветли незаконскиот бизнис.

Идејата за проектот произлезе од филмот за „сексуалните робови“, истрага што Беинсток ја водеше за трговијата со жени од поранешните советски земји во светската секс индустрија, која доби Еми награда за извонредно истражувачкото новинарство во 2007 година.

Tales_From_The_Organ_Trade_3

Сцена од филмот “Приказни од трговијата со органи“

„Тогаш снимав во Молдавија и Украина и слушнав муабети за луѓе што ги продале своите бубрези на црниот пазар. Го истражував бизнисот со човечки органи и вистината е дека на црниот пазар доминира трговијата со бубрези, бидејќи ние имаме два бубрега и еден можеме да дадеме, односно во случајот со црниот пазар, да го продадеме“, објаснува таа.

82-минутниот документарец, кој започнува со песната на Џенис Џоплин “Дел од моето срце“ и со снимки на луѓе што продаваат еден од своите бубрези, е прикажан пред публиката во Манила, Истанбул, Колорадо, Торонто, Тел Авив – и во Приштина.

„Постои вистински недостиг на бубрези во целиот свет и тоа е она што очајните луѓе ги тера на црниот пазар. Мислев дека е многу интересно [да се анализира] идејата за луѓето, што обично се граѓани што го почитуваат и не го кршат законот, што не се криминалци“, рече Беинсток .

„Од другата страна на равенката се луѓето што живеат во голема сиромаштија, толку очајни што мислат дека единственото нешто што можат да го сторат е да продадат дел од своето тело. А тука се и луѓето што ги извршуваат овие операции, често медицински професионалци, хирурзи, нефролози, лекари, анестезиолози“, нагласува таа.

Врската со Косово

Беинсток истрагата ја започнала во Америка, каде сретнала Канаѓанец што го продал својот бубрег и кој завршил на клиниката во Косово. Тогаш, вели таа, станала заинтересирана за случајот Медикус.

„Една од карактеристиките на случајот Медикус беше тоа што речиси сите, освен неколку локални лекари, беа донесени од странство. Дури и примачите и донаторите на бубрези не беа од Косово. Тие беа од Турција, Молдавија и Белорусија, а лекарот беше Турчин“, објаснува таа.

Вели дека во многу центри за трговија со органи, како што се Филипини, донаторите и лекарите се обично локални жители.

„Лицето што добива бубрег може да биде странец, но, сите други вклучени во случајот се локалци. Ова не беше случај со Медикус“, вели таа.

Втора разлика меѓу Косово и Филипини, се постапките за купување и продавање на бубрези.

Во Манила, објаснува Беинсток, честопати сиромашните луѓе се тие што им се обраќаат на посредниците, а во случајот Медикус, „тоа многу повеќе се работеше на меѓународно ниво“, со еден главен посредник, се тврди дека тоа бил израелскиот државјанин Моше Харел, осомничен за водење на целиот процес.

„Тој не оди од земја до земја да наоѓа донатори. Донаторите ги наоѓаат други посредници. Значи, во одредена мерка се работи за организиран синџир на луѓе“, смета таа.

Косовските власти и натаму трагаат по Харел, а во април, судот во Приштина го осуди сопственикот на клиниката Медикус и четворица други локални граѓани, за учество во синџирот со нелегална трговија на бубрези.

Според обвинението, на клиниката биле извршени 30 илегални трансплантации на бубрег во 2008 година.

Полицијата првично упадна на клиниката, откако еден турски државјанин, чиј бубрег бил отстранет, бил пронајден на приштинскиот аеродром во сериозно тешка здравствена состојба.

Иследниците потоа утврдија дека сиромашни донатори од Турција, Русија, Молдавија и Казахстан, биле намамувани со ветување дека тие ќе добијат и по 15.000 евра за нивните бубрези, што потоа биле продавани на богати пациенти, во главно Израелци, кои за нив плаќале и повеќе од 70.000 евра.

По изрекување на пресудата во април, обвинителот на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, изјави дека се води истрага против други осум лица, но, не даде други детали.

82-минутниот документарец, кој започнува со песната на Џенис Џоплин “Дел од моето срце“ и со снимки на луѓе што продаваат еден од своите бубрези, е прикажан пред публиката во Манила, Истанбул, Колорадо, Торонто, Тел Авив – и во Приштина.

„Постои вистински недостиг на бубрези во целиот свет и тоа е она што очајните луѓе ги тера на црниот пазар. Мислев дека е многу интересно [да се анализира] идејата за луѓето, што обично се граѓани што го почитуваат и не го кршат законот, што не се криминалци“, рече Беинсток .

„Од другата страна на равенката се луѓето што живеат во голема сиромаштија, толку очајни што мислат дека единственото нешто што можат да го сторат е да продадат дел од своето тело. А тука се и луѓето што ги извршуваат овие операции, често медицински професионалци, хирурзи, нефролози, лекари, анестезиолози“, нагласува таа.

Вели дека во многу центри за трговија со органи, како што се Филипини, донаторите и лекарите се обично локални жители.

„Лицето што добива бубрег може да биде странец, но, сите други вклучени во случајот се локалци. Ова не беше случај со Медикус“, вели таа.

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment