MKDNews.com

Хемискиот напад во Сирија бил без одобрение на Асад

септември 08
15:27 2013

Хемискиот напад на 21 август во Сирија е извршен без дозвола на Башар Асад.
Ова го покажуваат извори од германското разузнавање, цитирани од весникот “Билд ам Зонтаг”.
Според изданието команданти од сириската армија во текот на четири месеци инсистирале од претседателот на Сирија да дозволи употреба на хемиско оружје против силите на вооружената опозиција, но постојано добивале одбивање.
Весникот тврди дека оваа информација е добиена од Федералната разузнавачка служба на Германија при прислушување на разговори на радиофреквенциите.
Во Средоземното Море недалеку од брегот на Сирија подолго време кружи помошни брод на германските поморски сили “Окер”, кој се занимава со радиоелектронско разузнавање.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.