MKDNews.com

Гужви на патарините, патниците гневни

септември 01
12:17 2013

Колони од возила долги и по три километри, со часови чекаат на патарините на автопатот Александар Македонски. Огромна колона долга три километри имаше синоќа на патарината Отовица, кај Велес.

Домашни и странски туристи чекаа и по три часа да ја минат патарината Стоби кај Градско каде што работела само една кабина. Патниците се гневни и зашто со часови чекале за влез во Македонија на граничниот премин Богородица.

Покрај големиот број туристи кои се враќаат од летување од Грција транзитирајќи низ Македонија, во колоните возила се наоѓа и голем број патници – гастарбајтери од Турција, кои се враќаат во западно европските држави поради почетокот на учебната година. Тие избегнале да патуваат преку Бугарија бидејќи биле информирани за долги колони на граничните премини за влез и излез од таа земја.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment