MKDNews.com

Груевски: Заев да каже дали давал тендери на татко му

септември 16
20:46 2013

Градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ Зоран Заев да каже дали давал тендери на фирма чии сопственици се неговиот татко и чичко,а не да бега од одговорот со образложенија за тоа колку инвестирал, порача премиерот Никола Груевски.

“Мислам дека одговорот треба да биде давал тој тендери на татко му и на чичко му или не давал. Да не бегаме со одговори дали работел или инвестирал или дали бил успешен или неуспешен. Прашањето е дали давал или не давал тендери на татко му или на чичко му”, изјави Груевски.

Изјавата на Груевски следува еден ден по обелоденувањето на случајот со тендерот за прехранбени и хигиенски производи за Јавната општинска установа “Детска радост” во вредност од над три и пол милиони денари. Фирмата “Зови промет” на Панчо и Љупчо Заев, татко и чичко на струмичкиот градоначалник била избрана за најповолен понудувач.

На овие обвинувања Зоран Заев вчера одговри:

“Доколку нешто не е во ред со јавните набавки во Струмица, бидете сигурни дека оваа власт, која не е толерантна, веќе ќе имаше започнато со апсења, а немаше да се занимава со пропаганда преку партиски прес-конференции”.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment