MKDNews.com

Груевски во Хрватска пречекан премиер Зоран Миловановиќ (фото)

септември 17
17:23 2013

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во Загреб беше пречекан од неговиот домаќин, хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ.

Двајцата премиери во моментов имаат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарниот состанок на делегациите на Република Македонија и Република Хрватска.

Според програмата, попладнево премиерот Никола Груевски ќе има средби со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со претседателот на Собранието на Хрватска Јосип Леко. Предмет на разговорите ќе бидат можностите за натамошно продлабочување на соработката, пред се на полето на економијата – туризмот, земјоделството, прехранбената индустрија, винарството, градежништвото, јави МИА.

За време на престојот во Загреб, Груевски ќе има средба и со претставници на Заедницата на Македонци во Република Хрватска.
grml1_0

grml2

grml4

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment