MKDNews.com

Горбачов го повика Обама „да го послуша мислењето на луѓето“

септември 02
18:23 2013

Последниот советски претседател Михаил Горбачов предупреди дека последиците од евентуалната американска воена интервенција во Сирија би биле „многу лоши“ и го повика претседателот на САД Барак Обама да го слушне мислењето на народот.
– Сметам дека претседателот на САД е вистински демократ, но има проблем да се однесува како демократ, изјави Горбачов на отворањето на конференцијата во Женева по повод 20-годишнината од формирањето на неговата организација за заштита на животната средина „Зелен крст“.

– Се сеќавам колку беше тешко тоа за мене. Сега претседателот на САД е критикуван, но не е доволно решителен. Но, ако тој не е доволно решителен да фрли бомби, тогаш тоа е добар вид на нерешителност, истакна поранешниот советски лидер.

Тој сепак призна дека е „тешко да се постигне позитивен резултат во Сирија“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.