Голите активистки бегаат од Киев поради репресија
Три од голите украинки основачи на ФЕМЕН, познати по протестите со голи гради, објавија дека ja напуштиле Украина заради стравот од прогон, откако украинската полиција пронајде оружје во нивната канцеларија во Киев, пренесува АФП.
Александра Шевченко, Ана Гуцол и Јана Жданова избегале од својата татковина поради загриженоста за животот и слободата . Феминистичката група тоа го објави во коминике, објавено на нивниот официјален сајт. Трите активистки ќе ги продолжат активностите во Европа, се наведува во пораката.
Дамите во петокот биле повикани на распит во полицијата, откако силите на редот конфискуваа пиштол и граната во вторникот при рација во седиштето на групата во Киев.
Во текот на годините активистички се докажаа како едни од најжестоките демонстранти во заштита на жените, нивни протести веќе имаше не само во нивната родна Украина, тику и во Русија, Белорусија, Германија, Франција.
Градите на девојките биле видени освен од високи државници како Владимир Путин, Лукашенко и Ангела Меркел, и од духовните лидери како папата Бенедикт XVI.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment