MKDNews.com

Голема операција за исправување на Коста Конкордија (во живо)

септември 16
22:07 2013

Потонатиот брод „Коста Конкордија“ денеска е поместен од дното на морето во близина на италијанскиот остров Џилио, каде се наоѓа од јануари минатата година.
Операцијата за исправување на крусерот на бродот „Коста Конкордија“, што требало да започне денеска во 6 часот наутро, ќе доцни неколку часа поради лошото време, така што ќе може да се следи во живо на страната на локалниот медиум и тука.

– Поради невремето што синоќа го погодила островот, операцијата ќе доцни неколку часа – изјавил Франко Бариели, кој е одговорен на целиот проект.

Поморскиот сообраќај ќе биде забранет сè до крајот на операцијата, а се проценува целата процедура да трае од 10 до 12 часа.

Бродот тежок 114.500 тони и долг колку три фудбалски игралишта лежи превртен во морето околу островот Џиглио откако во 2012 година се насука на карпите и делумно потона додека на него се наоѓале 4.229 патници.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment