MKDNews.com

Голем удар врз наркомафијата и пример како да се бориме против меѓународниот криминал

септември 20
19:03 2013

Дозволете ми најпрвин да се заблагодарам на нашите колеги од Германската служба за борба против дрога и Полициска дирекција Франкфурт за нивната искрена и несебична соработка во врска со целокупното водење на оваа исклучително комплексна операција. Кога довербата и професионализмот на службите е на вака високо ниво, сосема очекувани се и резултатите кои заеднички ги постигнуваме. Целата операција „Диригент“ е голем удар врз наркомафијата кој претставува добар пример за сите во регионот, но и во Европа како треба ефикасно да се бориме против сериозниот меѓународен криминал.
Последното продолжение на истрагата против таканаречената „Франкфурт мафија“ заедно со германските служби го реализиравме во периодот од Септември 2012 до Септември 2013 година, при што беа обезбедени докази и беа лишени од слобода лица, припадници на организирани криминални групи, кои организирале улично дилерство на препродавачи на дрога на нарко зависници на подрачјето на градот Франкфурт и неговата околина на територијата на Германија.

Во текот на меѓународната операција беа идентификувани три криминални групи составени од државјани на Р.Македонија, во кои ораганизаторите на овие криминални групи престојуваат во Р.Македонија од каде ги регрутираат и обучуваат членовите и ги координираат активностите поврзани со недозволена трговија со дрога, поточно им даваат насоки и инструкции на уличните дилери во Франкфурт и околината.

Во рамките на заедничката истрага беа опфатени 62 лица од кои 44 лица во Германија и 18 во Македонија. Од лицата приведени во Германија, 26-мина се македонски државјани. При активностите во Германија, нашите партнери запленија 700 килограми смеса за мешање на хероин, 5 килограми чист хероин и над 5 килограми кокаин, како и 30 000 евра. Ние запленивме околу 5 килограми хероин кој членовите на групата од Македонија се обидуваа да го внесат од Турција со намера да го транспортираат за Франкфурт, но и помала количина на марихуана и амфетамин.

За време на меѓународната операција обезбедени се докази со примена на посебни истражни мерки во Р.Македонија и докази од Германската служба за борба против дрога за инволвираност во недозволена трговија со дрога на 8 лица од Р.Македонија кои се поврзуваат со гореспоменатите заплени во Франкфурт и против 6 од нив до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени три кривични пријави. Едно лице веќе е пријавено и издржува казна затвор, додека друго 31 годишно лице од Свети Николе, инаку познат дилер, кај кого за време на претресот е пронајдена марихуана и амфетамин е пријавен одвоено за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Нему како и на останатите надлежните судови им одредија мерка притвор во траење од 30 дена. На две лица кои не се достапни, мерката им е изречена во отсуство.

Кај 10 лица во земјава е направен претрес поради сомнеж дека се инволвирани во „Перење пари“, односно дека нивни фирми или фирми кои се во сопственост на нивни блиски биле користени за пуштање во легален промет на незаконски стекнатите пари. Од тие причини во истрагата вчера се вклучи и Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, а се очекува од нашите партнери од Германија да ни бидат доставени докази за некои трансфери по што ќе бидат комплетирани постапките и против овие лица. Накусо би се осврнала и на трите криминални групи кои дејствувале во Франкфурт.

 

Првата криминална група ја организирале лица од Велес и по нивни инструкции во Франкфурт и околината била набавувана наркотична дрога хероин, како и смеса за мешање на хероинот кој бил нуден на улична продажба на зависници во Франкфурт. Оваа организирана криминална група се поврува со три заплени на хероин во Франкфурт СР.Гермнија. Во првиот случај хероинот е набавен од албански државјанин, во вториот реализиран случај претходно набавената дрога, ја сокриле на две различни локации на подрачјето на градот, додека во третиот случај во близина железничката станица во Франкфурт, подигнале хероин предходно сокриен.
IMG_7515
Во втората криминална група организатор е 38 годишно лице од Свети Николе кој во почетокот на ноември 2012 година, организирал мрежа на посредници за неовластено купување и неовластена продажба на наркотична дрога хероин во три области во Франкфурт. Истиот пронаоѓал лица од земјава кои ги испраќал во Франкфурт и по негови инструкции вршеле улична продажба на хероин. Дрогата ја криеле во стан и во парк во близина на станот, а германските служби реализираа еден случај во кој на бугарски државјанин му продале 1,3 килограми хероин.

Во третата криминална група како организатори се идентификувани две лица од Велес и Скопје. Во септември 2012 година, тие испратиле 25 годишна девојка од Велес, во Амстердам да набави наркотична дрога хероин и хемиска супстанца, кој го предала на член на групата, подоцна приведен на железничката станица во Франкфурт.

Вклучувајќи го и последното продолжение на Операцијата „Диригент“, во изминативе 4 години, на таканаречената „Франфурт мафија“, која повеќе од 10 години е инволвирана во сериозен меѓународен криминал и е нанесен голем удар. Во сите досегашни акции, воземјава и надвор поради поврзаност со оваа група се приведени преку 500 лица. Најголемиот дел, околу 460 се приведени на територијата на германија, Австрија и Холандија. Во земјава од 2009 година наваму се приведени 70 лица. Запленети се преку 220 килограми хероин, 4 килограми кокаин и неколку килограми марихуана. Документирани се трансфери на пари тешки неколку милиони евра, а десетици илјади евра се запленети, како и голем движен и недвижен имот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment