MKDNews.com

Французинката Валери се обесила на дрво ,нејзиниот сопруг го идентификувал пронајдениот труп

септември 09
14:08 2013

Полицијата извести дека сопругот на Валери Незироска извршил репознавање при што од предметите, облеката и конституцијата на лешот потврди дека станува збор за исчезнатата Валери Бара Незироски.Во полициското соопштение се информира дека вчера околу 18,45 часот во Кичево, на м.в.„Крушица“,  бил пронајден непознат женски леш во фаза на распаѓање, обесен на дрво.За настанот е информирано семејството на Валери Бара Незироски која беше пријавена за исчезната на 25.07.2013 година во Кичево.

Денес нејзиниот сопруг изврши препознавање при што од предметите, облеката и конституцијата на лешот потврди дека станува збор за исчезнатата Валери Бара Незироски – информираат од МВР.Телото е предадено за обдукција.39 годишната Валери исчезна на 25 јули.Што се случувало од моментот на драматичното исчезнување на Валери и како дошло до оваа трагедија полицијата допрва ќе испитува.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment