MKDNews.com

Франција ги забрани детските избори за убавина

септември 19
13:51 2013

Францускиот Сенат изгласа да се забранат изборите за убавина за деца под 16 години, со цел да ги заштити децата, особено девојчињата, прерано да бидат сексуализирани. Секој кој ќе пријави дете на ваков избор ќе се соочи со затворска казна од две години и парична казна од 30.000 евра, според мерката.
Законот мора да биде доставен до Долниот дом на парламентот на дополнителна дебата и уште едно гласање.
Сенатот ја одобри мерката со 197 гласа и 146 против, како дел од законот за правата на жените.
Сепак, законот го отфрли амандманот со кој се ограничува употребата на модели под 16 години во реклами за производи или услуги наменети за деца.
Ваквите избори на убавина, во кои девојките на секаква возраст се предотерани и пренашминкани, редовно поттикнуваат јавна дебата во Франција и на други места.
Јазикот користен во амандманот е краток и јасен: “Забрането е организирање избори за убавина за деца под 16-годишна возраст”.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.