MKDNews.com

Филмски грабеж во гостивар:Вооружени до заби ги врзале домаќините со ремен и им ги зеле парите

септември 01
13:37 2013

policija3Вооружени разбојници синоќа ограбија брачен пар од гостиварското село Долна Бањица. Разбојниците зеле пари и предмети во вредност од околу 15.000 евра.

Грабежот според СВР Тетово, се случил во периодот од 22 до 23 часот и 40 минути, кога две лица маскирани со фантомки и вооружени со автоматска пушка и нож, влегле во домот на шеесет и девегодишниот А.А. во Долна Бањица. За кусо време ги совладале А.А. и неговата сопруга Н.А. по што ги врзале со кожен ремен и марами. Потоа ја пребарале куќата и одзеле 13 илјади евра, 300 американски долари, еден лап-топ, мобилен телефон и десетина парчиња златен накит.

Домаќинот по некое време успеал да се ослободи и го повикал соседот на помош, а тој ја повикал полицијата.

Екипа на СВР Тетово изврши увид на местото на разбојништвото и презема мерки за негово расветлување.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment