MKDNews.com

Фејсбук злоупотребил податоци, ќе плати 20 милиони отштета

септември 01
18:59 2013

Без претходна дозвола на над 600 илјади корисници на “Фејсбук“, нивните податоци биле објавени во комерцијални цени, односно на оглас на социјалната мрежа, потег кој повлече казна за компанијата од вкупно 20 милиони долари. Оваа сума компанијата на најголемата социјална мрежа на интернет, ќе мора да им ја исплати на своите корисници, кои биле дел оваа кампања, или пресметано по 15 долари за корисник.

Како што пренесе британската ТВ мрежа БиБиСи, имињата и фотографиите на корисници на оваа мрежа, биле користени во кампања под име “Sponsored Stories“. Компанијата од оваа кампања заработила 73 милиони долари.

Досега никој не докажал дека “Фејсбук“ “недвосмислено го прекршил законот“, ниту пак, дека корисниците навистина се оштетени, објаснил судијата што го водел процесот.

Покрај казната, компанијата ќе мора да ги промени и условите за користење на социјалната мрежа

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment