MKDNews.com

ЕУ и официјално го укинува роамингот

септември 12
16:06 2013

Европската комисија (ЕК) ги усвои контроверзните реформи на телекомуникацискиот сектор кои, како што оцени, ќе ги укинат високите трошоци за роаминг внатре во Европската унија.

Претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо во говорот пред Европскиот парламент рече дека е од витално значење да постои единствен пазар во телекомуникацискиот сектор кој би обезбедил ЕУ да не заостанува зад другите региони во светот.„Овој предлог ќе ги снижи цените за корисниците. Европа се повеќе и повеќе ќе станува дигитална и ќе им пружа нови можности на корисниците. Зарем не е парадоксално да имаме внатрешен пазар на стоки, но кога станува збор за дигиталниот сектор да имаме 28 пазари“, рече Баросо.Главниот предлог предвидува од јули 2014 година да бидат укинати трошоците за роаминг, односно за дополнителни трошоци кои корисниците ги плаќаат за дојдовни повици кога ги користат своите мобилни телефни или портабл уреди во странство. Компаниите би требало да понуда пакети „зборувајте како дома“ кои би ја покриле целата ЕУ или да им дозволат на корисниците да се претплатат на други провајдери на роаминг без давачки на нивните оригинални СИМ картички.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment