MKDNews.com

Едриличари од целиот Балкан ќе едрат во Охрид

септември 02
17:46 2013

edrilica-naslovnaПреку 200 едричичари од целиот Балкан ќе бидат дел од Балканскиот шампионат во едрење, кој од утре до 8ми септември ќе се одржува во Охрид,пишува Охрид Нет.
Планирани се дванаесет трки на повеќе патеки, а натпреварите ќе ги следат осум меѓународни судии.

– Има 210 натпреварувачи во различни класи од најмалите оптимист, па ласер Стандард, ласер 4.7, радијал 470, Фин и Даск. Нашата репрезентација годинава ќе учествува со 24 такмичари од кои 14 се најмалите од 10 до 14 години и во класата оптимист во кои има 5 девојчиња и 9 машки, вели Стефан Ставрев претседател на Едриличарската федерација.
Балканскиот шампионат во едерење е подржан и од локалната самоуправа.

– Општина Охрид секогаш превзема активности и ги подржува ваквите манифестации. Ние сме пред се задоволни што Охрид и во септември ќе има една манифестација која само по себе е од високо значење, а од друга страна и можност во календарот на настани на Охрид и од туристички и од спортски аспект да се збогати месец септември и продолжи туристичката сезона, вели раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

– Минатата година на Балканијадата во Грција, ја добивме организацијата на 46 тата Балканијада. Еве сме тука да кажеме дека од денеска до 8 ми септември ќе настапат репрезантациите на Турција, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и домаќинот Македнија, додава Сатврески.

– Целиот настан ќе се одржи на три регатни полиња, од кои едното поле ќе биде над “Канео”, другото над плажа “Горица” и третото над “Инекс Горица”. Имаме одобрение од Капетанија на пристаништа за непречено спроведување на настанот, истакна Иван Андреески генерален секретар.

Свеченото отворање на Балкански шампионат во едрење е утревечер на градскиот плоштад во 19.30 минути.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.