MKDNews.com

Еден загинат и двајца тешко повредени кај Дреновската клисура

септември 23
02:11 2013

Едно лице загина, а две беа тешко повредени при сообраќајната нсреќа која синоќа околу 20.30 минути се случи на магистралниот пат Градско Прилеп на потегот меѓу тунелот и Дреновската клисура.

Во судир меѓу битолски фиат и штипска тојота, загина сопатникот во возиото со штипски регистарски таблички. Со тешки повреди шоферите на двете возила беа пренесени во општата болница во Кавадарци. На лице место увид извршија полициска екипа, јавен обвинител и истражен судија од Основен суд Кавадарци.

Присутна беше и територијалната противпожарна екипа од Кавадарци. Според она што можеше да се види, битолското возило најверојатно се движело кон Кавадарци или Росоман  а штипското кон Прилеп. Нашиот апарат регистрира дека битолското возило беше извртено, а штипското беше надвор од коловозот во блискиот ендек.

Наоколу може да се забележат парчиња од искршените возила кои немо сведочеа за силината на ударот. Возилата не беа тргнати до околу полноќ. Неофицијално, загинатото лице е некаде  на околу 40 годишна возраст.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment