MKDNews.com

„Еден е Бранко, а и сите во СДСМ се исти како мене, како Бранко, мои клонови“ (видео)

септември 15
15:20 2013

Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ со пародија го одбележа 15 септември, денот кога Бранко Црвенковски го лажеше македонскиот народ.

Почитувани, денес е голем ден, денес е мојот ден, можеби најголемиот – Денес е 15 септември. Празникот над празниците… Ех какво само тоа беше време пред 11 години. Како да беше вчера паметам, овде собрани, пред тоа народот, дошол, се собрал, му викав НА 15 СЕПТЕМВРИ НАРОДОТ ЌЕ ЈА ЗЕМЕ СУДБИНАТА ВО СВОИ РАЦЕ! ЌЕ ВРАБОТАМ ПО ЕДЕН ОД СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО! ЌЕ НЕМА КРИМИНАЛ, ЌЕ НЕМА КРАДЕЊЕ, САМО МЕД И МЛЕКО ЌЕ ТЕЧЕ“. И ми поверуваа тоа народот, а и како нема да верува, еден е Бранко, а и сите во СДСМ се исти како мене, како Бранко, мои клонови и Рада и Заев и Шема и Јани и Фрчко…сите се мои деца“, порача лажниот „Црвенковски“.

Во продолжение тој му порача на Заев дека и не знае баш да краде, очигледно има Заев уште да учи од својот лидер.

Погледнете ја целата пародија.

Маска на Бранко: Почитувани, денес е голем ден, денес е мојот ден, можеби најголемиот – Денес е 15 септември. Празникот над празниците… Ех какво само тоа беше време пред 11 години. Како да беше вчера паметам, овде собрани, пред тоа народот, дошол, се собрал, му викав НА 15 СЕПТЕМВРИ НАРОДОТ ЌЕ ЈА ЗЕМЕ СУДБИНАТА ВО СВОИ РАЦЕ! ЌЕ ВРАБОТАМ ПО ЕДЕН ОД СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО! ЌЕ НЕМА КРИМИНАЛ, ЌЕ НЕМА КРАДЕЊЕ, САМО МЕД И МЛЕКО ЌЕ ТЕЧЕ. И ми поверува тоа народот, а и како нема да верува, еден е Бранко, а и сите во СДСМ се исти како мене, како Бранко, мои клонови и Рада и Заев и Шема и Јани и Фрчко… сите се мои деца.
Рада ја знам од мала, каква само скоевка беше. Послушна, исполнителна, дисциплина на ниво. Поред мене израсна. Го знам и Заев, права тарабука! Не ме слушаше со Глобал, ме избурка. Абе Заев така ли се крадат пари. Што се 8 милиони евра, па за толку малку јас око не отварам. Да беа повеќе можеше ќе размислев, а вака?! Ако се краде нека се краде!

Маска на Заев: Во право си шефе, извини. Затоа јас денес секоја одлука која ја носам во партијата, секоја секунда на слобода што ја живеам ти ја должам само на тебе Бранко. Знам дека ти си над сите нас, нема подобар од тебе. Ти сега не си претседател на СДСМ, ама исто како да си. Додека ние сме во СДСМ Бранко е главен.

Mаска на Рада: Ех мил Бранко, паметам како лажевме овде на 15 септември. И народот ни веруваше. Паметам само какви времиња поминавме. Бранко ти не направи политичари. Види не сега колку сме успешни. Јас куќа, со станче од над сто квадрати во Центар, куќа во Маврово, скромно џипче од само неколку десетици илјади евра. И Заев е тука некаде, само неколку десетици милиони евра, фирми, хотели, фабрики. Кој од кој побогат, и сето тоа само поради тебе Шефе Бранко!

Mаска на Фрчко: Леле Бране како ги изработивме овие на 15ти, као мали деца го излажавме народот. Абе шо знае народ. Кажи му, ембарго ваму, ембарго таму и шлеперите врват. Така се прават пари. Јас, ти и Магаш добра екипа бевме.

Mаска на Јани: Се знае, ниту јас ќе бев тоа што сум, ниту ќе имаше ќар од беспилотни летала, ниту Заев ќе беше познат по Глобал, ниту Рада ќе беше позната. Се ние му должиме на Бранко. Нашите одлуки се и негови одлуки, нашиот став е и негов став. Еден е Бранко, сите ние сме Бранко.

Mаска на Бранкo: Како што гледате народе Едно лице безброј маски! 15 септември е потсетник на тоа што може да се случи, да се направи и изработи.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment