Ѕид од стара куќа се сруши и усмрти млада струмичанка
Вчера напладне животот го загуби 25 годишната Биљана Б. откако врз неа се урнал ѕид од стара куќа.Трагедијата се случи во околината на Струмица.25 годишна жена почина во струмичко Просениково помагајќи на семјството да срушат ѕид. Вчера попладне Биљана им се придружила на деверот и сопругот додека се обидувале да го урнат ѕидот од старата куќа во семејниот двор, кога во еден момент жената се нашла под урнатините од тули и камења.Деверот вели дека биле шокирани кога забележале дека ја нема покрај нив.
Денес во семјниот двор траорно. Роднините се собираа да се простат од несреќната жена.Младата мајка остава три малолетни деца, а најблиските апелираа да му се помогне на сиромашното семејство.Струмичката полиција изврши увид на местото на несреќата.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment