MKDNews.com

Двојно убиство во Гостивар, со секира ги убил мајка си и сестрата

септември 09
12:25 2013

Две гостиварки, мајка и ќерка се убиени ноќта кон понеделникот во нивниот дом, а за двојното убиство, осомничен е 43-годишниот Владимир Ц., кој бил приведен набрзо по несреќата.

Според првичните сознанија на полицијата, Владимир, околу 22 часот, со секира ги нападнал својата мајка 71-годишната Димитрула и неговата 46-годишна сестра Славица во куќата на улицата „Илинденска” во Гостивар. Случајот во полиција го пријавил сосед, кој слушнал повик за помагање и викотници. Според првичните и неофицијални информации, во семејството, подолго време постоеле недоразбирања, а можно како причина да е психичката растроеност на Владимир. Полицијата, истражен судија и јавен обвинител до доцна во ноќта, вршеа увид и ги утврдуваа околностите кои довеле до семејната трагедија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.