Двајца тинејџери избодени со нож на Камен мост
Двајца малолетници од Кратово синоќа се избодени со нож на Камен мост Скопје. Едниот малолетник има убодна рана во предлот на градниот кош од десната страна е во животна опасност, додека другиот е со телесна повреда исекотини на градниот кош.
МВР информира дека се поднесени кривични пријави против 17-годишните Е.Ш. и Ј.А., двајцата од Скопје за „убиство во обид“.
– Вчера околу 18 часот на Камен мост без повод и причина физички ги нападнале лицата Ј.Ј. роден 1995 година и Д.Ј. роден 1996, двајцата од Кратово. Во нападот употребен е нож, при што на Ј.Ј. му се нанесени тешеки телесни повреди, а на Д.Ј. телесни, изјави Марија Јаковлеска портпарол во МВР.
На двете деца им е укажана лекарска помош, Ј.Ј. се наоѓа во Ургентниот центар и е во животна опасност, додека Д.Ј. е во Градската болница.
Според првичните информации, причина за инцидентот била расправија околу дресовите што ги носеле двајцата кратовчани, кои биде дојдени да го следат фудбалскиот натпревар Македонија – Велс.
Седумнаесетгодишното момче од Кратово кое вчера на Камениот мост во Скопје беше прободено со нож во пределот на градниот кош, е во добра здравствена состојба, изјави за МИА доктор Борче Кондов од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.
most
– Момчето е во свесна состојба. Обработена е раната. Сега засега други интеревенции не се потребни, додаде доктор Кондов.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment