MKDNews.com

Двајца малолетници, бегалци од ВПД Велес, фатени на дело

септември 15
12:02 2013

СВР-Скопје, до надлежното ОЈО-Скопје ќе поднесе кривична пријава против Е.М. (16) и А.Ј. (17) двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомневање дека извршиле кривично дело –“тешка кражба“.

policija3Притоа, пријавените во моментот на извршување на кривичното дело биле бегалци од Воспитно поправниот дом во Велес, каде издржувале мерка –“Упатување во ВПД“, а за сторени тешки кражби и кражби, за што во периодот од 2010 до 2012 година на Е.М., кој е регистриран зависник на наркотични дроги, му се поднесени 111 кривични пријави за имотни деликти, а на А.Ј. 11, исто така за имотни деликти.

Конкретното кривично дело го извршиле на минатата недела поточно на 11.09., околу 22,00 часот во населбата Лисиче, во куќа лоцирана на ул. „Врпоље“, каде го искористиле отсуството на сопственикот, насилно влегле во куќата и по извршеното пребарување одзеле поголема количина на златен и сребрен накит и еден трофеен пиштол кал. 6,35, рамка со седум куршуми и една кутија со 23 куршуми од истиот калибар. По извршувањето на кривичното дело, се упатиле на ул. “Трета Македонска бригада“, каде запреле и се качиле во такси возило. Додека се движеле по наведената улица и се обидувале да најдат превоз, биле забележани од полициски службеници на мобилната единица „Алфа“ и откако се качиле во возилото, по кусо следење такси возилото било сопрено од полициските службеници. При легитимирањето, Е.М. и А.Ј. немале документи за идентификација, а во себе имале еден пиштол и една кеса со поголема количина на златен и сребрен накит, заради што се приведени во ПС од ОН “Аеродром“.

Во полициската станица и двајацата дале лажни податоци за својот идентитет, што било регистрирано од полициските службеници и кога веќе им бил утврден личниот идентитет и фактот дека се бегалци од Воспитно поправен дом, Е.М. и А.Ј., кажале дека пронајдените предмети потекнуваат од кривично дело, кое го извршиле непосредно пред да бидат легитимирани. По ова, полициски службеници од НК КР “Аеродром“, заедно со пријавените заминале на местото на настанот во куќата на ул. „Врпоље“, каде и во моментот кога пристигнале, сопствениците не биле дома. За кусо време е пронајден сопственикот и му е вратен накитот, додека пиштолот е даден на вештачење во Секторот за криминалистичка техника во МВР на РМ, а Е.М. и А.Ј. се вратени во Воспитно поправниот дом во Велес, за издржување на мерката изречена од ОС Скопје I.

Од извршените разговори со пријавените, како и од превземените оперативни мерки, постојат индиции дека Е.М. и А.Ј. се сторители и на други кривични дела, за кои по обезбедувањето на докази ќе следуваат соодветни поднесоци.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.