MKDNews.com

Два урагана беснеат во Мексико

септември 15
09:49 2013

Мексико е во зафатeно од два урагана кои го напаѓаат од исток и од запад.

По ураганот на запад, сега властите ги евакуираа жителите на источниот брег поради ураганот Ингрид, кој се очекува да стигне на територијата на земјата овие денови.

Повеќе од 5 илјади луѓе беа евакуирани по крајбрежјето на Мексиканскиот залив, во очекување на ураганот Ингрид, чии ветрови веќе достигнаа 120 км / час.

Тропската бура Мануел го погоди пацифичкиот брег на земјата и за само 3 дена наврнаа два пати повеќе дожд од нормата за овој период од месецот.

Најтешко погодени се државите Оахака, Гереро и Чивава. Оштетени беа патишта и телекомуникации.

Според метеоролозите ураганот Ингрид сега собира сила над водите на Мексиканскиот залив и во наредните денови ќе биде закана за населбите во крајбрежните области на државите Веракруз и Чапас. Тринаесет лица загинаа во Веракруз, кога нивните домови падна под свлечиште, предизвикано од поројните дождови.

Властите го затвориле 3-те пристаништа, во кои се врши извозот на нафта, но повеќето меѓу кои и Веракруз се уште се отворени.

014866fba8695514350f6a7067006882

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.