MKDNews.com

ДКСК: Сѐ е чисто кај имотот на Јанкулоска

септември 18
19:39 2013

image

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска сиот свој имот и имотот на нејзиниот сопруг како и настанатите промени во нивната имотна состојба ги има ажурно пријавувано во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК. Тоа го наведува во денешното соопштение ДКСК, по информациите за наводно зголемување на имотот на Јанкулоска за 200.000 евра со купување станови од 2006 година кога стапи на функцијата, пренесува МИА. 

Според ДКСК, од увидот направен во анкетниот лист произлегува дека Јанкулоска во 2006 година од кога е на функцијата министер, пријавила стан во вредност од 50.000 евра стекнат пред стапување на функцијата. „По 2006 година тој стан е продаден, а во истиот период Јанкуловска и Илиевски имаат подигнато кредити и заем во вкупен износ од 100.000 евра. Со средствата од кредитите и од продадениот стан имаат купено два стана во вкупна вредност од 140.500 евра, за што во пријавените промени во анкетниот лист се приложени и купопродажните договори, како и договорите за подигнатите кредити. Очигледно дека не се работи за станови во вредност од 200.000 евра стекнати преку плата, туку становите се купени со долгорочни кредити на сопружниците добиени под редовни банкарски услови“, се вели во соопштението, кое го пренесе МИА.

Јанкулоска: Шилегов, или извини се или ќе тужам

image

Портпаролот на СДСМ обвини дека министерската фотелја на Јанкулоска ѝ го зголемила имотот за 200 илјади евра.

На ова обвинување реагираше министерката за внатрешни работи Јанкуловска, која побара извинување од портпаролот на СДСМ. Во спротивно ќе поднесе тужба.

 “Петре Шилегов лаже. СДСМ лаже. Тврдења на Шилегов дека сум заработила 200.000 евра во овие пет години ќе има можност да ги докаже на суд. Заради намалување на висината на оштетното побарување што ќе го пријавам пред надлежниот суд, во наредните денови сум подготвена да му понудам можност јавно да се извини за изречените клевети и измислици и да каже кој му наложил да излезе со вакви невистини “, се вели во писмената реакција од Јанкулоска.Таа информира дека новиот стан што го поседува е набавен со продажба на стариот, подигнат е заем и долгорочен кредит од банките по пазарни услови.- Свесна сум дека последната успешна полициска акција „Шпион“ погоди многу структури во земјава и надвор од неа. Денеска видовме дека грчките владини извори на „Катимерини“ го имаат истиот став кон овој мегаслучај, како и опозициската СДСМ. Останува нејасно уште дали постои некаква координација и за денешната прес-конференција на Шилегов и фабрикуваните напади кон мене – потенцира во реакцијата Јанкулоска.

Јанкулоска во писмената реакција ги повикува надлежните институции колку е можно побрзо да постапат и да утврдат дали има какви било незаконски дејства во нејзиното работење и наводното богатење за 200.000 евра, што, според неа, е измислица на Шилегов.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment