MKDNews.com

Директор на училиште продавал училиштен инвентар,и в џеб ставал 25 илјади евра

септември 11
13:54 2013

Поранешен директор на основно училиште „Свети Климент Охридски“ од Делчево продавал училиштен инвентар, а парите од продажбата ги задржувал за себе, информираат од Министерството за внатрешни работи. Поради тоа, ПС Делчево му поднесе кривична пријава на М. С., поранешен директор на ОУ „Свети Климент Охридски“ за сторено кривично делонесовесно работење во службата.Имено, пријавениот во периодот од 2009 до 2012 година, без согласност на надлежната комисија на училиштето извршил продажба на стар инвентар фрижидер, електричен алат, столчиња, маси од училиштето, а паричните средства ги присвојувал за себе, а потоа без одлука на Комисијата за јавни набавки набавил нов инвентар и вршел поправка на грејни тела.

Директорот исто така, без одобрение од Министерството за образование ја вработил и неговата сопруга во училиштето. На овој начин пријавениот го оштетил буџетот на училишетото за износ од 1.548.030 денари ,односно 25 илјади евра.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment