MKDNews.com

Димовски: Нема крај на семејните набавки на Заев, и снаата добивала тендери

септември 19
15:54 2013

ВМРО-ДПМНЕ денеска обелодени уште еден случај во кој градоначалникот Зоран Заев доделил тендер на фирма во сопственост на член на неговото потесно семејство.

Уште една фирма во сопственост на член од потесното семејство на Зоран Заев, директно го вмешува струмичкиот градоначалник во случајот на непотизам и судир на интереси, рече во четврток Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес обелоденуваме уште еден случај, уште една фирма во сопственост на член од потесното семејство на Зоран Заев, која склучила договор за јавна набавка со Средното општинско училиште ‘Димитар Влахов’ и која директно го вмешува Зоран Заев во случајот на непотизам и судир на интереси, за кој ние во неколку наврати досега укажувавме дека во голема мера е пристутен во Општина Струмица”, рече Димовски на прес конференција.

Тој додаде дека според Законот за локална самоуправа и другите закони надлежен за назначување на директорите на училиштата, па и на градинките е градоначалникот.„Тоа значи дека директорите што ги назначувал Зоран Заев давале јавни набавки на фирми во сопственост на фамилијата Заеви”, појасни Димовски.Според него, јавната набавка ја добила фирмата “Ева Стаил” ДООЕЛ увоз – извоз од Струмица, во сопственост на Славица Заева, сопруга на Вице Заев, брат на Зоран Заев. Истата оваа фирма на ден 21.03.2011 година склучува договор за јавна набавка со Средното Општинско Училиште “Димитар Влахов” во вредност од 65.320 денари наменети за изработка на училишни униформи.

„Ако и по ова, сè уште тврдите дека нема никаков сомнеж за непотизам и судир на интереси, совршено е јасно дека Вие не сакате да погледнете во очи на фактите и реалноста. Смешно игледаат Вашите обиди да се претставувате како жртва”, рече Димовски.

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.