MKDNews.com

Девојче се самоуби, по едногодишно малтретирање на социјалните мрежи (видео)

септември 14
21:41 2013

Дванаесетгодишнато девојче од Флорида се убила по едногодишното изложување на сајбер насилство од своите соученички, кои на нејзиниот профил на Фејсбук и праќале навредувачки пораки ,пишува Асошијете прес

Според зборовите на шерифот од округот Полок, Грејди Џад, Ребека самоубиството го извршила скокајќи во стара цементара во Лејкленд, град околу 30 минути оддалечен од Тампа, а нејзиното тело е пронајдено неколку часа, откако е пријавено дека не дошла дома после школо.

За време на истрагата, детективите утврдиле дека на бројни профили на социјалните мрежи Седвик била непрекинато изложена на сајбер-насилство, со пораки „Оди убиј се!“ или „Зошто се уште си жива?“.

Во истрагата се идентификувани најмалку 15 девојчиња кои на овој начин ја малтретирале Седвик, телефоните и лаптоп компјутерите им се запленети, а нивните родители сораборуваат до полицијата.

Според соопштението на шерифот, Седвик само неколку часа пред смртта, на момче од Северна Каролина му испратила порака „Ќе скокнам, не можам ова повеќе да го поднесам“.

Флорида има закон против сајбер насилство, така што девојчињата кои се вмешани, можат да бидат кривично гонети поради прогонување на социјалните мрежи, а со оглед на тоа што Седвик била помлада од 16 години им се закануваат сериозни казни.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.