MKDNews.com

Деветта година по ред Бесплатни курсеви за учениците од Општина Илинден

септември 20
19:41 2013

На 21.09.2013 година (сабота) сите заинтересирани ученици од Општина Илинден ќе можат да се пријават за Бесплатните курсеви во рамките на Културно едукативниот центар “Илинден“, проект што Општината го реализира веќе деветта година по ред. Во учебната 2013-2014 година учениците од трите основни училишта на територија на Општината ќе имаат можност да посетуваат 16 различни курсеви: курсеви по странски јазици (англиски, германски, италијански, шпански и кинески), уметност (сликарство), музика (гитара), фотографија, модерен балет, фолклор, народно пеење, драма, јога и курс за креативно пишување, а за прв пат оваа година и курс по јавен настап и комуникациски вештини, како и курс за личен развој и решавање на конфликти.
Во учебна 2012-2013 година Бесплатните курсеви успешно ги завршија над 500 ученици од основните училишта во Општината, а проектот, како и во изминатите години целосно е финансиран од Буџетот на Општина Илинден.
Главна цел на овој проект е да се подигне квалитетот на образовниот процес и да се придонесе младата популација да се здобие со нови образовни и културни вредности. Учениците секоја година покажуваат огромен интерес за курсевите, што покажува дека овој проект што има огромна поддршка и од локалното население ја постигнува вистинската цел.
Пријавувањето за курсевите ќе се врши во ОУ „Гоце Делчев“ во нас. Илинден од 9 до 11 часот, во ОУ „Ристо Крле“ во н.м. Кадино од 11 до 12.30 часот и во ОУ „Браќа Миладиновци“ во н.м. Миладиновци од 12.30 до 13.30 часот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.