MKDNews.com

Деми и Ештон повторно заедно? (видео)

септември 11
15:29 2013

Пред повеќе од една година Деми Мур и Ештон Качер одлучија да се разделат, но нивната разделба не беше мирна, туку веќе подолго време се спорат околу поделбата на имотот.

После долго време 35-годишниот Ештон и 50-годишната Деми се снимени заедно.

Поранешната брачна двојка е видена заедно во аеродромот во Бурбенк, откако заедно летале со ист авион после посетата на технолошката конференција во Сан Хозе.

По излегувањето од аеродромот разговараа и се правеа дека не ги забележуваа папараците кои ги прогонуваа и особено ја провоцираа Деми, прашувајќи ја поради што Ештон и плаќа алиментација и дали се слушаат и понатаму редовно.

Деми ги игнорираше и не проговори ниту еден збор на сите провокации, но Ештон се налути и се обрати со пцовки кон папараците.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.