MKDNews.com

Дачиќ: Треба ли да станам геј за да сум проевропски? 

септември 23
20:06 2013

Претседателот на српската влада изјави дека нема да присуствува на „Парадата на гордоста“, ако биде одржана, и праша дали треба да стане геј за да биде проевропски

Како што јави српскиот Телеграф, српскиот премиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека не е извесно одржувањето на „Парадата на гордоста“ на 28 септември во Белград, но и дека ако се одржи, тој нема да присуствува.

– Знам дека уставното право вели дека имаме право на различност, но мое право е да не одам на тој настан. Не треба да влегуваме во друга крајност и да се додворуваме. Треба ли да станам геј за да сум проевропски? – запрашал Дачиќ за српската телевизија Б92, одговарајќи на прашање дали ќе учествува во „Парадата на гордоста“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.