MKDNews.com

CNN објави видео снимки за хемиски напади во Сирија прикажани само на Сенатори (вознемирувачко видео)

септември 07
21:43 2013

Американската телевизија CNN добиле 13 одделни видеа кои им биле покажувани на комисијата на Сенатот за разузнавање за наводниот напад од хемиско оружје во Сирија на 21 август.
Нападот, наводно извршени од страна на сириските сили под наредба на претседателот Башар ал-Асад.

На видеата се гледа како мажите се превртуваат на земја и како деца, исто така, навидум се неспособни да го контролираат своето тресење и паѓање.

Видеата содржат вознемирувачки содржини

Со овие видеа Американскиот председател Барак Обама ги повтори обвинувањата против сирискиот претседател Башар Ал Асад, за употреба на хемиското оружје, изјавувајќи дека наредните денови ќе продолжи да ја бара поддршката од Конгресот за воена акција во Сирија.

Инаку, државниот американски секретар Џон Кери, пристигна во Европа за преговорите со кои ќе може да се реализираат плановите на администрацијата на Обама за воена интервенција во Сирија.

Кери денеска престојуваше во Вилниус, Литванија и се сретна со министрите за надворешни работи на Европската унија.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ вознемирувачко видео!

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.