MKDNews.com

Четворица полицајци повредени во сообраќајка

септември 15
15:28 2013

Четворица припадници на МВР се полесно повредени во сообраќајна незгода која се случила денеска околу 14.40 часот на автопатот Гостивар-Тетово. Повредените се надвор од животна опасност.

Полицајците се враќале од Охрид, каде се одржувале синдикални игри на полицијата. Во возилото биле четворица полицајци. Во еден момент, од засега непознати причини кај наплатната рампа пред Тетово, автомобилот Опел Астра излетал од патот. Со две амбулантни возила и полициска придружба повредените се пренесени во скопската Градска болница.

Повредените веднаш се пренесени во градската болница „Св. Наум Охридски“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.