MKDNews.com

Честитка од САД за Денот на независноста на Македонија

септември 05
17:53 2013

Очекуваме да продолжиме со партнерството додека градите демократска и просперитетна нација, стои во пораката потпишана од Државниот секретар на САД.

Во име на претседателот Обама и луѓето во САД, ви го честитам Денот на независноста 8-ми септември, се вели во честитката за празникот од Државниот секретар на САД, Џон Кери.

„Република Македонија направи значителен напредок од независноста. Очекуваме да продолжиме со партнерството додека градите демократска и просперитетна нација.

Се` уште има работа што треба да се заврши, и убедени сме во духот и решителноста на луѓето во Македонија.Веруваме и дека како конструктивен сосед и партнер, Македонија има многу што да придонесе на Западниот Балкан и во пошироката евро-атлантска заедница“, порачуваат САД за националниот празник на Македонија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.