MKDNews.com

Цеца е во болница, не можела да стои на нозе

септември 19
18:08 2013

Судењето на  пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ (40) и нејзиниот зет Предраг Оцокољиќ, кои се обвинети за напад на Александар Оларевиќ требаше да се одржи денес во Првиот основен суд во Белград, но пејачката е однесена во болница!

– Пејачката е во болница, чувствува омалаксаност, слабост и не може да стане на нозе, изјави нејзиниот адвокат Зоран Петронијевиќ.На пејачката и било лошо веќе два дена, а денес премногу и се слошило па морала да побара брза помош.Бранителот на Цеца го извести судот дека неговата клиентка му се јавила на телефон 40 минути пред почетокот на главниот претрес, кога му кажала дека „семејството ја носи во болница поради омалаксаност и слабост“.Петронијевиќ не сакаше да открие во кој медицински центар  е примена пејачката, но вети дека денес до крајот на работното време или најдоцна до утре ќе достави до судот лекарско оправдание од здравствениот центар каде е примена неговата клиентка.

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment