Бугаринот Јане Петков врзан во вреќа преплива од Инекс Горица до Охрид
Човекот амфибија успеа во својот подвиг на Охридското езеро. 59 годишниот Јане Петков од Бугарија за 2:47 ч врзан во вреќа без никакви помагала успеа да преплива 2388 метри и да го сруши претходниот сопствен рекорд од 2 километри.
Со контрола на мислата и медитација утрово исплива од Инекс Горица до старото градско пристаниште, каде љубопитните го дочекаа со аплауз. Вели освен студените езерски струи не се соочил со други потешкотии.
– Уште во првиот километар многу студена струја но со мислата мислиш дека ти е топло и прродолжуваш напред. Немаше друг проблем. Ако беше потопла водата ќе пливавме многу повеќе пет десет километри, изјави Јане Петков.
Јане со врзани раце и нозе во вреќа како делфин пливаше во Охридското езеро и не побара никаква асистенција од медицинските екипи кои го следеа овој необичен и уникатен подвиг.
-Јане пливаше со едно констатно темпо од 0,7 километри на час брзина и немаше никакви потепшкотии и проблеми дури и разговараше додека пливаше. Не побара никаква интервенција од екипите кои што го следеа, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.
Со овој подвиг Петков ќе аплицира во Гинисовата книга на рекорди.
– Ова е за Гинис ова е спортско медицински обид со понизок хемоглобин и железо во крвта да се издржи во студената вода тоа е тешко медицината да го објасни, вели Петков.
Јане светот го нарекува човек амфибија, тој е единствениот кој пливал врзан во вреќа. Тајната на успехот е вели во контролата на мислата, медитација и дишењето.
Јане Петков неодамна при доаѓањето во Охрид изјави дека е Македонец неговиот дедо бил Македонец како и неговиот татко затоа е дојден во Македонија да го постави новиот рекорд.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment