MKDNews.com

Братот на загрозениот сведок: Судијата никогаш не ми побарал никакви пари

септември 02
15:39 2013

Сашо Арсовски, брат на загрозениот сведок Златко Арсовски во случајот „Ореше“ за кој е обвинет новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски денеска на продолжението на судското рочиште сведочеше дека тој своерачно ја потпишал кривичната пријава за обвинетите во „Ликвидација“ но тоа го направил под присила на полицијата

Ми рекоа дека сум му дал пари на судијата Иле Танев како мито за да го пуштат брат ми а тоа нема врска со вистината. Судијата никогаш не ми побарал никакви пари, сведочеше денеска во Основниот суд Скопје 1 Сашо Арсовски, брат на загрозениот сведок Златко Арсовски во случајот „Ореше“ за кој е обвинет новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски.
На прашање на обвинителството дали кривичната пријава ја потпишал своерачно а претходно ја прочитал нејзината содржина, Арсовски призна дека ја потпишал пријавата но под присила на инспектори од полицијата.

– Ми велеа да сме направеле притисок затоа што судијата не работел добро и дека тие ќе му помогнат на брат ми а јас да им помогнам нив. Јас ја потпишав пријавата во која пишуваше сеж што ми рече полицијата и сеж она што го договаравме да го кажам со инспекторите по локалните кафулиња. Ми кажуваа што да речам, како да го кажам тоа и кого да опфатам со пријавата – сведочеше Арсовски.

На продолжението на судењето на осумтемина обвинети во „Ликвидација“ покрај Арсовски, најголемо внимание привлече сведочењето на раководителката на кривичниот оддел на писарницата во Основниот суд во Велес Соња Бунтевска која призна дека пред да се оформи судски предмет за случајот „Ликвидација“ неколку пати била повикана во јавното обвинителство во Скопје без при тоа да се сети што ја прашувале таму.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment