MKDNews.com

Бракот на мајката и очувот на Кaрдашиан е “само за шоу”?

септември 02
15:58 2013

Мајката на славната старлета Ким Кардашиан, Крис Џенер, не е среќна во бракот со Брус Џенер. Извори блиски на парот велат дека нивната заедница е “само бизнис”, односно дека се заедно само заради шоуто.
„Крис и Брус се раздвоени веќе со месеци. Бракот е готов и сега се заедно само заради работата“ – рекол извор близок до славниот реалити пар за магазинот Ин Тач.

Пријателот на поранешниот спортист рекол дека на Брус „му се лоши од Кардашианови“:

„Му се смачи што Крис постојано прави тој да изгледа смешно“.

Гласините за разводот се покренати уште минатата година, но Крис Џенер ги негираше.

„Моментално уживаме во животот и можеме само да се насмееме на сите трачеви. Веќе долго време сме многу силно семејство и досадно е постојано да реагираме на овие гласини“ – рекла таа.
Парот Крис и Брус, кои ги имаат ќерките Кендал и Кајли, како и богатството од 155 милиони долари, ги обновија брачните завети во 2011 година. Овој настан беше прикажан и во една од епизодите на шоуто Keeping Up with the Kardashians.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment