MKDNews.com

Божиновски: Зедов 42.000 евра од Камчев и од Јорданов

Божиновски: Зедов 42.000 евра од Камчев и од Јорданов
септември 18
16:40 2013

Новинарот Зоран Божиновски на својот Фејсбук профил објавува дека примил вкупно 42.000 евра од бизнисмените Орце Камчев и Минчо Јорданов .

м„Не постои во Македонија и пошироко еден човек кој сум го уценувал и рекетирал! Ова да им го кажеш ексклузивно на сите во Македонија. Во критичниот период додека се одвива следењето на вчера уапсената група со која немам никаква врска освен пријателска и екс пријателска оти ја изневериле мојата доверба. Значи од 2007 до 2011 година со двајца бизнисмени, Орце Камчев и Минчо Јорданов, исклучиво на нивно барање имам соработувано и за таа соработка сум примил вкупно 42.000 евра. Од Камчев 12.000 евра во текот на целата 2010, по договор за консултантски услуги. Платено е на сметка на моја фирма во РМ. За ова екипата од Фокус беше транспарентно известена од мене преку курирчето Нонковиќ. Му дадов фотокопија од договорот, на кафепиење во кафе бар Венеција! Сумата во тек од една година е наплатена од мене, по месечни фактури кои се испорачани и на време платени. Од Минчо Јорданов имам примено 30.000 евра (во неколку рати во негова канцеларија во Макстил!) како преддоговор за мој ангажман во весникот „Нова Македонија“, кој подоцна беше спречен од Александар Дамовски Садам, со уцена кон Минчо: Или он или јас! Ми одговараше да отстапам па отстапив, за мир у куќа! А и немав обврска на Јорданов да му ги вратам парите. На крај да знаеш што е новинарство, Јорданке ќе ти го кажам и ова: тоа што Камчев и Јорданов ме финансирале на нивно барање (имам сведоци, посредници!) и од нивни причини и резони, воопшто не го довело мојот новинарски кредибилитет и со тие пари не ме купиле до степен да не пишувам за нивните криминали. Па затоа кај мене на Фејсбук и на порталот Буревесник ќе сретнеш подоста објави баш за Камчев и за Јорданов“ – се вели во Фејсбук статусот на Божиновски што го пренесува А1 он.

Божиновски додава:

„Ако дале пари и купиле услуги од мене за определен временски период кој истекол на мое барање, не значи дека мене ме купиле Јорданке! И сега ти Јорданке размисли па пиши пак јавно: Има ли логика јас да рекетирам и да уценувам!? Или вака постави ги работите, поправо запрашај се. Ако јас уценувам и рекетирам, зошто немам автомобил никаков, зошто немам ниту стан, вила, викендица, зошто живеам од плата цели 15 години колку што потрошив да напишам околу 5.000 текстови за најбитните медиуми во Македонија? Зошто моето единствено богатство се двете ќерки и внуката родена пред две недели? И зошто Јорданке после све што поминав во Македонија, си заминав?“

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment