Болно девојче ги воодушеви судиите на “X Factor” (видео)
Членовите на жирито во шоуто “X Factor” останале без зборови кога го слушнале феноменалниот глас на 13-годишната Рајан Пејџ која за жал има здравствени проблеми.
Таа има проблем со рацете, а поради деформитетот на зглобовите морала да научи со сите работи да ракува на поинаков начин. Покрај тоа девојчето е речиси потполно слепо на десното око.
И покрај своите проблеми девојчето успеало да ја задржи својата насмевка и да продолжи храбро во животот.
„Понекогаш многу се нервирам кога неможам да направам нешто“, вели Рајан. „Но музиката ми помага да ги искажам своите чувства“.
По сјајната изведба на кантри хитот на Кери Андервуд „Blown Away“ и овациите на публиката, Рајан лесно поминала во следната рунда на натпреварувањето.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment